Следува нестабилно време, дожд и заладување

Сподели

Во наредните денови подрачјето на Македонија ќе биде под серија на влажни воздушни бранови претежно од Медитеранот.

Времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа проследени со грмежи и со засилен ветер.

Во Охрид  умерено облачно со можна појава на дожд, а температура од 10 до 17 степени. Утре се очекува сончево време со доуерена облачност но од вторник следуваат врнежи,  наместа проследени со грмежи. Во четврток се очекува постудено време со температура  до 16 степени. 

Стабилизирање на времето и потопли температури се очекуваат од сабота.