Чет05282020

Последна промена10:44:02 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Поглаварот на ИВЗ со порака по повод почеток на Рамазан

Поглаварот на ИВЗ со порака по повод почеток на Рамазан

Сподели

Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема Х. Сулејман еф. Реџепи упати порака до верниците од исламска вероисповест по повод почетокот на светиот месец Рамазан.

 

– O верници! Пропишан ви е постот како што им беше пропишан и на оние пред вас, за да бидете богобојазливи. (Ел Бекаре – 183). Драги и почитувани верници, Месецот Рамазан е посебен месец, месец што Алах џ.ш. го издвоил. Го издвоил и го обележал со многу свети и важни случувања, со збиднувања што овозможиле човештвото да биде просветлено, да го доживее вистинскиот мир и благосостојбата, да ја почувствува среќата, да ја постигне милоста и задоволството на нашиот Творец. Без сомнение, тоа задоволство ќе биде достигнато кога пред Семоќниот Алах ќе бидеме искрени во однос на неговите заповеди, сакани и добри во однос кон неговите суштества, хумани кон сиромашните и немоќните, кон несреќните деца што растат без родители. Со сета душа го молам Алах џ.ш. овој месец да го дочекаме духовно што по подготвени , исполнети со верба и со воља за извршување на нашите ибадети и верски должности. Нека ви е среќен и бериќетен светиот месец Рамазан, да ви биде исполнет секој ден со среќа, со пост и ибадети, убавините и задоволството на Рамазан нека ве следат низ целиот ваш живот, вели Реџепи во пораката по повод почетокот на светиот месец Рамазан, порача Реџепи. 

Инаку Рамазан (тур. Ramazan од арап. رمضان, Рамадан) — исламски празник кој трае во текот на целиот деветти месец од исламскиот календар. Се верува дека во текот на тој месец светата книга — Куранот му бил откриен на Архангелот Гаврил, кој потоа му го пренел на пророкот Мухамед. Рамазан е време на пост, молитва, солидарност и милосрдие, во кој муслиманските верници целодневно се воздржуваат од конзумирање храна, цигари, алкохол, но и од лоши мисли, идеи и дела. Постот почнува со изгрејсонце (суфур) и трае до зајдисонце (ифтар). Јадење и пиење се дозволени во текот на ноќта. Од пост се ослободени децата, бремени жени, доилки и болните.

Рамазан е еден од петте столба на исламот. Останатите се верата, молитвите, поклонението и давањето милостина. Тоа е месец на добрина, милост, љубов и простување. Верувањата се дека кога ќе дојде празникот, портите на џенетот (рајот) се отвараат, портите на џехенем (пеколот) се затвораат. Муслиманите сметаат дека Рамазан на секој дом му носи полни раце дарови - милост, бериќет и проштевање. Куранот вели дека Рамазан има четири димензии - духовна, морална, солидарна и здравствена.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK