Вто06022020

Последна промена10:35:47 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Монструм убиец од Македонија, фатен по 23 години бегство

Монструм убиец од Македонија, фатен по 23 години бегство

Сподели

Пред повеќе од 20 години македонската јавност беше потресена од можеби најсвирепите убиства во историјата на земјата чиј извршител по пет години избега од затвор и пред еден месец како што соопти МВР е најден и екстрадиран од Италија со меѓународна потерница.

 

МВР информираше дека ФАСТ тимот (FAST Fugitive Active Search Team) при Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР ставил крај на долгата потрага по бегалец во историјата на македонската полиција која траеше цели 23 години 1 месец и 14 дена.

Што се случуваше кобниот јануари?

Дванаесет дена по Нова година во 1989 година две лица извршија свирпо убиство врз друго лице со секира.

Бруталните убијци Д.М. и С.Ѓ. го убија Ж.К откако го намамиле во стан.

Со претходно подготвена секира Д.М го удрил Ж.К во главата, а откако жртвата паднала на подот му нанел уште неколку удари со секирата, за да подоцна го искасапат телото замотувајќи ги остатоците во најлони, со намера полесно да се ослободат од телото.

По истрагата на 19.06.1989 година тогашниот Окружен Суд во Битола ги осудува Д.М. на 15 годишна и С.Ѓ на 12 годишна затворска казна за кривично дело убиство.

Д.М. на 14.03.1994 година ја искористува можноста и за време на викенд отсуство бега од КПУ Идризово. По него се распишува меѓународна потерница а потрагата траеше цели 21 година и 8 месеци и 12 денови поточно до неговото лоцирање во Италија на 27.11.2015 година.

Тој се наоѓа сега во КПУ Идризово каде што го чека одлежување на затворската казна изречена во 1989 година.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK