Чет05282020

Последна промена10:44:02 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија На повидок нова Влада?

На повидок нова Влада?

Сподели

 

Мандатарот Зоран Заев и лидер на СДСМ најави дека новиот состав на Владата може да биде познат денеска.

 

Деновиве продолжија средбите и разговорите за поделба на ресорите и за утврдување имиња меѓу партиите од новото парламентарно мнозинство.

Владата би била избрана на почетокот на следната недела.

Зијадин Села од Алијанса за Албанците јасно кажа  дека, без разлика дали ќе влезат во новата влада, ќе му дадат целосна поддршка на Заев да раководи со државата. Од БЕСА, пак, уште не се изјасниле дали ќе бидат дел од Владата и излегоа со нова листа на принципи со кои го условуваат учеството во власта. Од БЕСА инсистираат во власта да нема луѓе за кои Специјалното јавно обвинителство води постапки, но бараат и рокови за донесување некои закони, како на пример законот за јазиците и за редефинирање на државата. Прво чекаат одговори за исполнувањето на овие принципи, па потоа ќе разговараат за ресори.

Додека се чека составот на новата Влада, се подготвува и 22-от редовен конгрес на СДСМ, кој ќе се одржи утре во хотелот „Александар Палас“. Се очекуваат повеќе од 700 делегати кои ќе гласаат за лидер на партијата.

До овој момент Заев е единствениот кандидат за претседател на партијата. Можноста да се пријави и друг кандидат е отворена до утре до 11 часот и, доколку пристигне кандидатура, таа ќе биде разгледана и формално одобрена од членовите на Централниот одбор кој ќе има седница пред самиот Конгрес.

На конгресот ќе се избира и нов состав на ЦО на партијата. На актуелниот мандатот му истекува наредниот месец.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK