Нед05312020

Последна промена02:15:29 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Се полага државна матура

Се полага државна матура

Сподели

Полагањето на државната матура почнува денес  во 10 часот со тестот по мајчин јазик и литература.

Според податоците на Државниот испитен центар, пријавени се 10632 матуранти за македонски јазик, 5120 за албански јазик и 418 за турски јазик.

На 10 јуни е полагањето странски јазик. Како и во минатите години, најголем број (15201) се пријавени за англиски јазик, за француски јазик 108, за германски 197 и за руски јазик 26 кандидати.

Тестирањето по предметот математика е на 12 јуни, а пријавени се 2070 матуранти.

Последниот екстерен испит од државната матура ќе се полага на 14 јуни – за тест по биологија се пријавени 3445, за хемија 282, за физика 119, за историја 2900 кандидати, за бизнис 4298, филозофија 3684 и за естетика 193 кандидати.

Според видот на образование, 8274 од вкупниот број пријавени матуранти се од гимназиско образование, 7881 од средно стручно и 271 кандидат од средно уметничко образование.

Првичните резултати од тестовите треба да бидат објавени најдоцна до 14 јули, односно еден месец по последниот екстерен испит (14 јуни).

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK