Нед05312020

Последна промена02:15:29 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Шест нови пратеници , денес се бира новата влада

Шест нови пратеници , денес се бира новата влада

Сподели

Собранието на Република Македонија денеска ќе ја одржи втората седница на која единствена точка на дневниот ред е избор на Влада. Собраниската седница е закажана за 11 часот.

 

Според Деловникот за работа на Собранието, мандаторот Заев ќе има обраќање пред пратениците по што ќе следува претресот. Редоследот на говорите на пратениците и седењето во собраниската сала беше договорен на вчерашната координативна седница со претседателот на Парламентот, Талат Џафери. На оваа седница не присуствуваше претставник од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата треба да биде избрана два дена по отпочнувањето на седницата односно најдоцна до среда на полноќ. За таа да биде избрана потребно е да гласаат најмалку 61 пратеник.

Во новата Влада министри ќе имаат СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците, кои имаат мнозинство од 62 пратеници во 120-членото Собрание.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на седница на Собранието за избор на Влада на Република Македонија.

Инаку, шест нови пратеници ќе седнат во пратеничките столчиња откако стана јасно дека дел од пратениците на СДСМ ќе преминат во извршната власт.

Така на листата како пратеници во Собрание ќе дојдат претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска, Никица Корубин од ЛДП, Мирослав Јовановиќ, Славица Шуманска – Митева, Сашко Атанасов и Бети Рабаџиевска – Наумовска.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK