Чет05282020

Последна промена10:44:02 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Портокалова фаза, реорганизирање на работното време

Портокалова фаза, реорганизирање на работното време

Сподели

Почнувајќи од денеска и во текот на викендов територијата на целата држава ќе биде зафатена со високи температури од портокалова фаза, информираше Министерството за здравство согласно најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи. Предвидени се температури над 40 от степен.

 

Министерството за здравство препорачува од денеска до недела од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и лицата над 60 годишна возраст, додека сите останати лица при појава на каков било здравствен проблем веднаш да се јават кај својот матичен лекар.

На работодавците им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, како и обезбедување одмор под сенка и доволно течности на секои два часа.

Од Министерството за здравство препорачуваат да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период.

Министерство за труд и социјална политика со поддршка од Црвениот крст на Македонија денеска и во текот на викендот ќе спроведуваат интензивни активности за згрижување на бездомните лица.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK