Денеска ќе се распишат локалните избори

Сподели

Претседателот на Собранието Џафери денеска ќе потпише решение и ќе ги распише локалните избори.

Претседателот на Собранието Талат Џафери, денеска ќе потпише Решение за распишување на локалните избори односно избори за членови на советите на општините и советот на Град Скопје и за градоначалници на општините и за градоначалник на градот Скопје.

Како што соопшти Кабинетот на претседателот на Собранието на РМ, Решението за распишување на локалните избори Џафери ќе го потпише во 12 часот во неговиот Кабинет.