Се зголемуваат цените на горивата во Македонија

Сподели

Според Регулаторната комисија за Енергетика, малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се зголемуваат во просек за 2,28%.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.07.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 62,00 денари/лит, на ЕУРОСУПЕР БС- 98 изнесува 63,50 денари/лит, додека на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 48,00 денари/лит.Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 1,50 денари/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.07.2017 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 37,00 денари/лит.Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,516 денари/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 24.07.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 24,197 денари/кг.