Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Светата маченичка Параскева (Петка)

Светата маченичка Параскева (Петка)

Сподели

Според календарот на МПЦ на 10 ноември се одбележува спомен на Светата маченичка Параскева (Петка).

 

Св. Петка (позната и како Св. Параскева и како Мајка Параскева) — светителка од градот Епиват, кој се наоѓал меѓу Силинаврија и Цариград. Таа била родена кон крајот на 10 век, во петок, денот кога Евреите се подготвуваат за празнување на празникот Сабат (сабота). Затоа, нејзе ѝ го дале името Параскева, што значи „подготовка“. Родителите ѝ биле богати христијани од словенско потекло, а освен Петка, имале и еден син, Ефтимиј, кој за време на животот се замонашил и подоцна станал епископ Малитски.

По смртта на родителите, девицата Петка, желна за подвижнички живот, го напуштила родителскиот дом и отишла најнапред во Цариград, а потоа во Јорданската пустина, каде што останала до својата старост. Нејзиниот долг пустински живот во молитва и пост може да биде спореден со 40 дневницата која што Исус ја спроведол в пустина.


Родена е во градот Иконија од родители богати и христољубиви. По смртта на своите родители како девојка почна да им го раздава својот имот на бедните и на неволните, во името на Господ Исус Христос. Кога настана гонењето во времето на царот Диоклецијан, Параскева беше изведена на суд пред кнезот на таа земја. Штом кнезот ја праша за името, таа рече дека името ѝ е христијанка. Кнезот ја укори зошто не си го кажува своето обично име. А Параскева му рече: „Требаше прво да ти го кажам името на вечниот живот, а потоа на привремениот“. Откако ја биеја кнезот ја фрли во затвор, каде што ѝ се јави ангел Господов, ја исцели од раните и ја утеши. Со молитва ги урна сите идоли во незнабожечкиот храм. После долги и лути маки ја убија со меч.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK