Сре11222017

Последна промена12:04:19 AM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Пополнети хотелите во Охрид, Берово и Скопје за Нова Година

Пополнети хотелите во Охрид, Берово и Скопје за Нова Година

Сподели

Пополнети се хотелите во Берово, Охрид и Скопје за новогодишните празници.

Македонија станува се поинтересна дестинација поради што, според туристичките работници, треба да се размислува за зголемување на хотелските капацитети.Првпат, на барање на туристите, организирана е и чартер група од Анталија.

- Кога имаме најави од други држави, особено за Нова Година, може да се случи во хотелите да нема место. Мислам дека има потреба од повеќе капацитети, не само во квантитет, туку и во квалитет, изјави денеска Ветон Груби од ЕТЦ Травел пред денешниот бизнис форум во Стопанската комора на Македонија.

Чартер авионите слетуваат во Скопје од каде се реализираат три или четиридневни програми низ Македонија.Груби информира дека освен од странство, интерес за славење на претстојните празници тука има и од нашите граѓани. Тоа се должи, рече, на подобрената целокупна атмосфера во државата.Од понудата за странство, земјите од регионот, Србија, Бугарија, Грција, Албанија и Црна Гора, се уште се најатрактивни за македонските туристи, но интерес има и за подалечните дестинации, Мадрид, Куба и Дубаи.


Извор:sitel.com.mk

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK