Чет04192018

Последна промена04:49:13 PM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија „Фибула“ со уште едно одлично претставување на македонскиот туризам во Холандија

„Фибула“ со уште едно одлично претставување на македонскиот туризам во Холандија

Сподели

Реномираната туристичка агенција „Фибула Ер Травел“ вчера во Холандија, направи уште едно извонредно претставување на македонскиот туризам.

„Фибула Ер Травел“, реномираната македонска туристичка агенција, вчера во Холандија изврши уште една сеопфатна презентација на македонскиот туристички потенцијал.Одличното претставување на туристичките аранжмани за Македонија, „Фибула“ ја направи во соработка со „Корендон“-долгогодишниот партнер и туристички агенциски гигант во Холандија.

„Направивме резиме на досегашната продажба за 2018 година и веќе сега можеме со задоволство да констатираме дека имаме 15 процентно подобрување на букирањата од холандските туристи за македонските аранжмани за ова лето“, изјави Асим Меџедовиќ, првиот човек на агенцијата „Фибула Ер Травел“ Македонија.
Додаде дека овој значителен успех се должи на одличната соработка со Корендон и секако на огромниот ангажман на хотелиерите и туристичките работници во охридско-струшкото крајбрежје но и на сите останати туристички соработници и партнери во Македонија.Меџедовиќ посебно го истакна и огромниот ангажман на сегашниот амбасадор во Холандија, г-динот Игор Попов.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK