Вто01232018

Последна промена10:40:05 PM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Измените во Законот за пушење на седница

Измените во Законот за пушење на седница

Сподели

Собраниската комисија за здравство денеска ќе одржи седница на која на дневен ред е предлог-законот за изменување на законот за заштита од пушењето по скратена постапка во второ читање, поднесен од пратеници на СДСМ и ДУИ.

 

Целта е бришење на дел од еден став од законот кој го дефинира просторот за пушење надвор од угостителскиот објект.

„Во објектите во кои се сместуваат гости, може да се определат соби за сместување за пушачи, но најмногу до 30% од вкупниот капацитет на објектот“, стои во предлогот за измена на членот 3.

„Се забранува пушењето во јавните простории од членот 2 на овој закон. Пушењето е дозволено исклучиво надвор од деловниот објект (тераса, летна бавча и слично), исклучиво доколку просторот е покриен и отворен најмалку од три страни на кои нема никакви прегради (стакло, фолии, пластифицирани или 11 најлонски прегради и слично) или на отворен простор кој не е покриен со тенди, чадори и слично, а кој странично е заграден (дискоклубови на отворен простор, тераси, летни бавчи и слично).“

„Во јавните простории од член 2 на овој закон, одговорното лице на правното лице ќе определи просторија во која може да се пуши, доколку има можности, а во сите други простории ќе истакне знак за забрана на пушењето и ќе обезбеди контрола на забраната на пушењето. Определувањето на јавни простории и истакнувањето на знакот за забрана на пушењето од став 1 на овој член ќе се изврши во рок од 60 дена од влегувањето во сила на овој закон“, стои во предлог измените на Законот за заштита од пушењето, пишува Република.мк.

СДСМ на јавна расправа во собранието минатиот месец образложи дека не станува збор за дозволување на пушењето таму каде што е забрането или ускратување на правата на непушачите, ниту за легализација на диви објекти.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK