Чет04192018

Последна промена04:49:13 PM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Виз ер водечки оператор во Македонија

Виз ер водечки оператор во Македонија

Сподели

Во 2017 година, Виз ер, водечкиот авиопревозник во Македонија, превезе 1,2 милиони патници на ниско-буџетните македонски авиолинии, што претставува пораст од 20% на годишно ниво и поддржува 900 локални работни места во придружните индустрии.

Во текот на годината, Виз ер ја прошири својата скопска флота на четири авиони и воведе четири нови авиолинии од главниот град на Македонија до Будимпешта, Малта, Рим и Ваксјо.

- 2017 беше година на масовна експанзија на Виз ер. Постигнавме значителен пораст во сите аспекти на бизнисот со што Виз ер стана една од најбрзорастечките авиокомпании поставувајќи темели за континуиран раст во текот на следната декада. Со нашиот докажан бизнис модел со ултра ниски трошоци, висококвалификуван тим ориентиран кон клиентите, млада и модерна флота и одлична вредност на услугите, позиционирани сме како авиокомпанија која ја бираат доброинформирани патници-патувачи во сите земји каде што летаме, и ќе продолжиме со конзистентниот и брз пораст носејќи уште повеќе можности во Европа и пошироко – изјави Јозеф Варади, Главен извршен директор на Виз ер.

Продолжувајќи со силниот напредок, Виз ер годинава има 1,6 милини седишта за продажба од македонските дестинации, 23% повеќе отколку во претходната година. Со ново најавената линија Охрид – Виена, Виз ер сега нуди 30 ниско буџетни дестинации во 14 земји од двата аеродрома во Македонија, во Скопје и во Охрид.

-Како авиокомпанија со најголем удел во патничкиот авиосообраќај, очекуваме Виз ер да продолжи со развојот на нивниот бизнис на македонскиот пазар, притоа инвестирајќи во нови дестинации и зголемување на фреквенциите на постојните авиолинии. Сите новововедени дестинации во овој сегмент се докажаа како успешни, односно ја зголемија побарувачката уште повеќе. ТАВ Македонија, како и секогаш, и понатаму ќе остане фокусирана кон проширување на мрежата на авиолинии, но исто така и кон главната цел - да обезбедиме висококвалитетни услуги за нашите патници и за нашите клиенти, изјави Алпер Ерсој Генерален директор на ТАВ Македонија.

Виз ер објави дека во текот на 2017 година имаше рекорден број патници од македонските аеродроми, значително ги прошири своите операции, направи најголема нарачка на воздухоплови, почна делумно спонзорирана шема за обука на аспиранти за пилоти и воведе бројни подобрувања на искуството на клиентите.
Во 2017 година, Виз ер превезе повеќе од 28 милиони патници на своите нискобуџетни линии, околу 24% повеќе отколку во 2016 година. Флотата на Виз ер е засилена со 14 нови воздухоплови, 13 Ербас А321 и еден Ербас А320, со што вкупно се 88 воздухоплови. Дополнителните воздухоплови, исто така, создадоа дополнителни 600 директни работни места во авиокомпанијата, со повеќе од 3.500 професионалци работат во авиокомпанијата со свои бази на 27 аеродроми во 15 земји, вклучувајќи ги и двете најнови бази во Лондон -Лутон во Англија и Варна во Бугарија. Виз ер, исто така, продолжи да ја развива својата мрежа на дестинации, со дополнителни седум аеродроми и повеќе од 100 нови услуги кои ја развија мрежата на речиси 600 линии на 145 дестинации во 44 земји.
Авиокомпанијата ја потпиша со Ербас својата најголема нарачка на воздухоплови за купување на уште 146 авиони Ербас A320neo Family. Новиот договор, откако ќе биде одобрен од страна на акционерите на компанијата, ќе го донесе бројот на нарачки на Виз ер со "Ербас" на 282 авиони, обезбедувајќи редовен прилив на воздухоплови до крајот на 2026 година и овозможувајќи авиокомпанијата да продолжи да расте, како и да ја обнови и да ја задржи својата флота како една од најмладите и најефикасните во Европа.
Истакнувајќи ја својата заложба за обезбедување на одлично искуство со клиентите, Виз ер исто така ги зголеми димензиите на бесплатниот багаж за 50%, дополнително ги подобри своите онлајн платформи, вклучувајќи го и најсовремениот веб-сајт и мобилната апликација WIZZ и лансираше иновативни производи (Fare Lock, Flexible Travel Partner) за да им обезбеди поголема флексибилност на клиентите.

ТАВ Македонија ја заврши 2017 година со 2 милиона патници (2.027.344) на скопскиот и охридскиот аеродром, што претставува пораст за 13% споредено со 2016 година. Во исто време со порастот на патничкиот авиосообраќај, вкупниот број на летови на двата аеродрома во Скопје и во Охрид е зголемен за 7%, достигнувајќи 18.130 летови во 2017 година.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK