Вто01232018

Последна промена10:40:05 PM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Собранието го донесе Законот за јазиците

Собранието го донесе Законот за јазиците

Сподели

Пратениците во Собранието го изгласаа Законот за употреба на јазиците и ги избраа Дарко Костадиновски и Осман Кардиу за уставни судии.

Поддржан од 69 пратеници, Законот за употреба на јазиците беше усвоен во Собранието. „За“ гласаа и опозициските партии од албанскиот блок, БЕСА, ДПА и Алијансата. ВМРО-ДПМНЕ и нивните коалициони партнери ја бојкотираат работата на Собранието, бидејќи шестмина нивни пратеници се во притвор. Претседателот на партијата Христијан Мицкоски рече дека нема демократски услови за учество во работата на Собранието. Според ДУИ, со законот се заокружува нормативниот дел од Охридскиот договор. Пратеникот Артан Груби ги повика и пратениците од ВМРО- ДПМНЕ да го поддржат законот како партија потписник на Рамковниот договор.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK