Вто01232018

Последна промена10:40:05 PM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Растат цените на храната и услугите

Растат цените на храната и услугите

Сподели

 

Во 2017 година, во однос на 2016 година трошоците на живот бележат пораст од 1,4 отсто, а цените на мало бележат пораст од 3,2 отсто, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Движењето на трошоците на живот во 2017 година е различно по одделни групи на потрошувачка.

 

Пораст е забележан во групите: комуникации за 8,5 отсто, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 6,3 отсто, транспорт за 5,5 отсто, ресторани и хотели за 3,8 отсто, облека и обувки, рекреација и култура за 1 отсто, мебел, покуќнина и одржување на покуќнината за 0,5 отсто, храна и безалкохолни пијалаци за 0,3 отсто.
Намалување е забележано во групите: здравје и други стоки и услуги за 0,6 отсто, образование за 0,3 отсто, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 отсто.
Кај движењето на цените на мало во 2017 година, исто така, беше различно по одделни групи производи.
Пораст е забележан во групите: услуги за 5,5 отсто, индустриско-непрехранбени производи за 2,3отсто, земјоделски производи за 0,9 отсто и индустриско-прехранбени производи за 0,8 отсто.

Трошоците на живот во декември 2017 година, вo споредба со декември 2016 година, забележа пораст од 2,4 отсто, а цените на мало забележаа пораст од 4,9 отсто.
Порастот на трошоците на живот во декември 2017 година, во споредба со претходниот месец, е резултат на повисоките индекси на компирот за 1,8 отсто, јајцата за 1 отсто, сирењето и урдата, маслото и маснотиите за 0,7 отсто, оризот за 0,6 отсто, другите прехранбени производи за 0,4 отсто, трбушките, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,2 отсто, пишува Нова Македнија. 
Исто така, во декември 2017 година, пораст на трошоците на живот е забележан и кај болничките услуги за 6,2отсто, течните горива за домаќинствата за 3,9 отсто, авионскиот превоз на патници и туристичките пакет-аранжмани за 2,1 отсто, канцеларискиот материјал и материјалите за цртање, другите лични предмети за 2 отсто, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 1,8 отсто, гасот за домаќинствата, градините, растенијата и цвеќињата и услугите за сместување за 1,2 отсто, средствата за чистење и одржување на станот за 0,8 отсто, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за под за 0,7отсто, услугите за култура за 0,5 отсто, текстилот за домаќинствата, услугите за рекреација и спорт за 0,4 отсто, цврстите горива, стаклените садови, кујнскиот прибор и другата опрема за домаќинствата, мотоциклите, домашните миленици и сродни производи и угостителските услуги за 0,2 отсто.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK