Нед12082019

Последна промена08:27:50 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија “Домашна визита” за старите лица

“Домашна визита” за старите лица

Сподели

Домашна визита е новиот проект на Министерството за здравство, кој почнува од денес. Проектот се состои од превентивни здравствени прегледи на повеќе од девет илјади стари лица во нивните домови, за што се ангажирани 340 патронажни сестри, кои работат во здравствените домови.

 

Проектот, како што информираше министерот за здравство Никола Тодоров, ќе се одвива низ цела Македонија, во 652 населени места распределени во 84 општини. Симболично ќе почне пред Неделата на грижа за стари лица, од 18 до 24 ноември.

- Ова е моќна јавно - здравствена мерка, препорачана од Светската здравствена организација, која во ист миг ќе овозможи грижа и превенција за пациентите, нагласи Тодоров.

Акцент ќе биде ставен на лица со кардиоваскуларни заболувања, хронични респираторни заболувања, дијабетес и други хронични заболувања. Патронажните сестри во домовите, како што рече, ќе вршат определени прегледи, мерење крвен притисок, шеќер во крвта, хемоглобин, холестерол, а во определени случаи и ЕКГ прегледи./ Извор Вечер 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK