Вто01232018

Последна промена10:40:05 PM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Кичевчанец се вооружил „до заби“ со пушки, пиштоли и бомби

Кичевчанец се вооружил „до заби“ со пушки, пиштоли и бомби

Сподели

49 годишен кичевчанец се вооружил „до заби“ со пушки, пиштоли,гранати и бомби. Кога ги видел полицајците пред куќата, неговиот син се обидел арсеналот оружје да го сокрие во автомобил.

Настанот се случил на 11-ти овој месец,во домот на С.Ѓ.(49)во Кичево.Полициски службеници од Полициската станица-Кичево, по наредба од Основен суд –Кичево, извршиле претрес во неговата куќа, при што бил забележан неговиот син Ј.Ѓ. како во патничко моторно возило „Чироки“ со кичевски регистарки ознаки, става огнено оружје.

- Од страна на полициските службеници  извршен е преглед во возилото, при што пронајдени и одземени се: три пиштоли, една автоматска пушка, една полуавтоматска пушка, ловна и воздушна пушка, рачна бомба, една граната за светлосен сигнал, една звучна граната, топовски удар, повеќе оквири за автоматска и пиштолска муниција и околу 270 парчиња пиштолска и автоматска муниција. Ј.Ѓ. е лишен од слобода и однесен во Полициската станица -Кичево , а од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK