Сре08212019

Последна промена06:36:46 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Реформи во образованието - регионален семинар за наука и култура

Реформи во образованието - регионален семинар за наука и култура

Сподели

Ќе се подобрува квалитетот во образованието во земјава. Наставниците ќе учат подобар методолошкиот пристап, односно поедноствано и поправилно презентирање на материјатите на учениците.

Образовниот кадар воедно ќе треба поинтензивно да ги користи информатичките технологии и совладување на странски јазици. Тоа е во фокусот на реформите на министерството за образование, истакна министерот Ристоски на Регионалниот семинар за образование и култура што денеска се одржува во Охрид. - Ние уште еднаш докажуваме дека нашиот најголем партнер во спроведувањето на реформите се наставниците а денеска тие ни се главната цел и методите како да ги мотивираме и да добиеме уште поквалитетни наставници во целокупниот овој процес, истакна Спиро Ристоски министер за образование.

Македонија е на добар пат во спроведувањето на реформите во образованието и успешно ги спроведува програмите, смета директорот за образование при Европската Комисја. - Јас сум сигурен дека учеството во сите тие програми и реформи ќе биде придобивкa за вашата земја а ние на тоа ќе гледаме со големо внимание ќе му дадеме значење и секако ќе биде придобивка и за нас, смета Јан Трушчински Директор на Генералниот директорат за образование при Европската комисија.

Во текот на овие два дена во Охрид пртставници на министерствата за образование од земјите од Западен Балкан и експерти за обука на наставници ќе разговараат за зајакнување на образовниот систем.

/Канал 5

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK