Сре08212019

Последна промена06:36:46 PM

SCREEN

Cpanel

          

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Се намалува бројот на живородени деца

Се намалува бројот на живородени деца

Сподели

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во третото тримесечје од 2013 година, во споредба со истиот период од претходната година, е намален за 3.2% и изнесува 6 285 живородени деца.

 

Бројот на умрените лица во третото тримесечје од 2013 година бележи зголемување од 0.1 % во споредба со истото тримесечје од 2012 година и изнесува 4 599 лицe, а од нив 52 се умрени доенчиња.

Природниот прираст изнесува 1 686 лица, што значи дека за толку лица бројот на живородените деца е поголем од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 3.3% во споредба со истиот период од 2012 година и изнесува 4 358 бракови. Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат намалување во споредба со истиот период од 2012 година и нивниот број изнесува 319.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK