Саб12052020

Последна промена01:05:03 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Преподобна Матрона Цариградска Света Петка

Преподобна Матрона Цариградска Света Петка

Сподели

Денес се одбележува спомен на Преподобна Матрона Цариградска- Света Петка.

 

Блажената Матрона (Матрона Димитријевна Никонова) е родена во 1881 година во селото Себино во Тулската губернија. Нејзините родители , Димитриј и Наталија, беа благочестиви селани, чесни и сиромашни. Во семејството беа четири деца: двајца браќа – Иван и Михајло, и две сестри – Марија и Матрона.

Матрона беше најмлада. Кога таа се родила мајка и имала намера некако да се ослободи од неа. За убиство на младенецот во утробата мајчина не смеело да дојде до збор. Затоа постоеле мноштво на прифатилишта, каде што незаконито родените и незгрижени деца се воспитувале со средствата на државата или со доброволни прилози.

          Мајка и на Матрона, уште пред таа да се роди, одлучила кога ќе го роди детето да го однесе во прифатилиштето кнез Голицин, во соседното село Бучалки, но тогаш сонувала впечатлив сон. Уште неродена ќерка и й се јавила на Наталија во сон во облик на птица со човечко лице и со затворени очи и й седнала на десната рака. Прифаќајќи го сонот како чудесен знак, богобојазливата жена ја отфрлила помислата да ја даде во дом.Девојчето се родило слепо, но мајка и ја засакала како свое "несреќно детенце".

    Господ избирајки ја неа за посебно служење од самиот почеток положил на неа тежок крст, кој таа со покорност и со трпение го носела целиот свој живот.

   На крштевањето девојчето го добило името Матрона, во чест на преподобната Матрона Константинополска, грчка подвижница од 5.век чиј што спомен се празнува на 9(22.)ноември.

   За богоизбраноста на девојчето сведочи и тоа што при крштението, кога свештеникот ја спуштил во водата, над младенчето се појавил столб од благоухан дим во вид на облаче, кој го виделе сите присутни. За тоа сведочи и роднината на блажената, Павле Ивановоч Прохоров, кој происуствувал на крштевањето. Свештеникот отец Василиј, кого парохијаните го почитувале како праведен и блажен, бил неискажливо восхитен: "Сум крстл многу деца , но вакво нешто гледам прв пат, и ова дете ќе биде со свет живот". И уште рекол :" Ако девојчето нешто побара , вие обавезно дојдете право кај мене и кажете ми што треба".

    Додал и дека Матрона ќе го предвиди неговото упокоение. Така и навистина се случило. Една ноќ , Матронушка неочекувано  и рекла на мајка и дека отец Василиј умира. Восхитени и уплашени, родителите се стрчале во домот на свештеникот. Кога дошле, виделе дека тој штотуку се упокоил.

   Се зборува за надворешниот знак на телото кој ја покажува богоизбраноста на детето- на градите на девојчето имало испапчување во облик на крст. Подоцна, кога веќе имала шест години, мајка и почнала да ја  закачка:" Зошто не носиш крвче?" Мајчичке јас си имам свој крст на градите", одговорило девојчето. "Мила ќерќичко, - се пркорувала Наталија,- прости ми! А јас пак те закачкам".

    Пријателката на Наталија подоцна зборувала, дека кога Матрона била уште бебе, мајка и се жалела:"Што да правам? Девојчето во среда и петок не цица, ѓи преспива тие денови без прекин, невозможно е да ја разбудам".

      Матрона, не беше просто само слепа, туку кај неа воопшто и немаше очи. Очните дупки и биле затворени со силно навлечени капаци, како во двете бели птици кои нејзината мајка ги видела на сон. Но, Господ и даде духовен вид. Уште како дете, таа ноќе додека родителите и спиеле, скришно одела во аголот на собата со иконите, и на некој необјаснив начин ги симнувала иконите од полицата, ги редела по масата, и во ноќната тишина си играла заедно со нив./ Премин портал

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK