Чет06212018

Последна промена04:38:54 PM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија По 4000 евра за ново работно место

По 4000 евра за ново работно место

Сподели

Министрите, на 57-мата седница донесоа одлука за формирање на Управен одбор на Проектот – Самовработување со кредитирање и Проектот кредитирање на правни субјекти, односно микро и мали претпријатија за отворање на нови работни места.

 

Станува збор за проект кој се реализира преку Агенцијата за вработување, а целта е доделување кредитни средства под поволни услови на правните субјекти кои сакаат да го прошират и развијат сопствениот бизнис како и на невработените лица кои сакаат да го решат своето вработување. Во рамки на Проектот кредитирање на правни субјекти за отворање на нови работни места постои можност за правните субјекти кои ќе вработат млади лица до 29 години да се одобруваат по 4.000 евра за едно новоотворено работно место, со максимален износ до 12.000 евра за вработување на 3 невработени млади лица до 29 години.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK