Пон09242018

Последна промена10:20:29 AM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Фибула-дел од македонскиот тим на туристичкиот саем во Берлин

Фибула-дел од македонскиот тим на туристичкиот саем во Берлин

Сподели

Македонската туристичка агенција „Fibula Air Travel“ е меѓу туристичките агенции што во Берлин го презентираат македонскиот туризам.

„Fibula Air Travel“ заедно со туристичките агенции BADEM TOUR, Visit Macedonia, DMC Balkans, Enjoy Balkans, Bohemia, Macedonia Holidays, Park Hotel и неколку други, го претставуваат македонскиот туризам, македонските туристички потенцијали но и своите туристички пакети.Претставници на агенциите заедно со Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТ) од 7 до 11 март, на атрактивен македонски штанд ја претставуваат туристичка Македонија на водечкиот туристички интернационален саем ИТБ (ITB Berlin, Trade Skow Show). Како што соопшти Агенцијата, директорот Љупчо Јаневски оствари средби со претставници на Томас Кук, Белгија, Томас Кук, Азија, ТУИ-Холандија, Ауринко, Нордика, Естонија, Визит Балкан, Полска. На состаноците, со дел од нив се дискутираше за можностите за продолжување на партнерските односи и отпочнување на нова соработка, со цел зголемување на туристичкиот промет во Македонија.Во дискусијата Јаневски, како што се наведува во соопштението, потенцираше на фактот дека Македонија со својата богата понуда стана дел од светската мапа на атрактивни и привлечни туристички дестинации во регионот, за туристи од целиот свет.Македонскиот штанд го посети амбасадорот на Република Македонија во Берлин, Сашо Марковски, кој ги истакна позитивните реакции од сите инволвирани туристички професионалци на саемскиот настап во Берлин и различните и уникатни туристички можности кои ги нуди Македонија на светските туристи.
Инаку, ИТБ Берлин е најголемиот саем за туризам во светот. Како интернационален бренд и приказна која разви светски успех, нуди единствена можност на едно место да се запознаете со различни земји и региони низ целиот свет. Од првите почетоци во 1966 година се до денес, ИТБ Берлин поздравува околу 10.000 изложувачи од повеќе од 180 земји и региони. Градовите, тур-операторите, авиокомпаниите, хотелите, медиумите и другите туристички ентитети кои се занимаваат со туризам се претстават себеси и своите услуги и ги инспирираат светските патувачи.Изложбениот простор од 150.000 м2 на ИТБ Берлин, секоја година ги исполнува светските стандарди во туристичкиот бизнис. Замислен како Б2Б платформа, трговските субјекти имаат многу можности да ги прошират своите контакти и да градат партнерски односи со изложувачите, кои преку квалитетни понуди и разни настани го привлекуваат вниманието на 180.000 посетители.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK