Пон09242018

Последна промена10:20:29 AM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија 18 пати повеќе заболени од грип во однос на лани

18 пати повеќе заболени од грип во однос на лани

Сподели

Во текот на 9-та недела од 2018 година ( до 04 март)  во Република Македонија пријавен е 2.781 (I=134,4/100.000) новозаболен од грип/заболувања слични на грип, што е намалување за 35% во споредба со минатата недела кога беа регистрирани 4.258 заболени лица.

 

Во однос на минатата сезона која се карактеризираше со ран почеток и пик на активноста, оваа сезона бројот на заболени во 9-та недела е зголемен за 18 пати.

Регистрираната инциденца oваа недела е во рамките на неделната граница на ниска (сезонска) активност на вирусот на грип (Графикон 1).

Исто како и во претходните недели, во 9-та недела најголем број заболени – 1.651 се пријавени во најголемата возрасна група од 15-64 години, а највисока инциденца од 247,9/100.000 жители се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Оваа недела најголем број заболени лица (n=544) се пријавени од подрачјето на ЦЈЗ Скопје, а највисока инциденца (680,9/100.000 жители) е регистрирана на подрачјето на ПЕ Кавадарци. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK