Сре12122018

Последна промена07:40:10 AM

 

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Зголемен е бројот на странските туристи во Македонија

Зголемен е бројот на странските туристи во Македонија

Сподели

Според Државниот завод за статистика, во јануари повеќе странски туристи престојувале во Македонија, а најпосетен град бил Скопје.

Во јануари земјава ја посетиле 30.253 странски туристи остварувајќи при тоа 60.879 ноќевања. Најголемиот дел 13.431 престојувале во Скопје. Најбројни биле туристите од Албанија 3.819, Грција 3.670, од Бугарија 3.562 и од Косово 3.107, објави Државниот завод за статистика.Според податоците на заводот, бројот на странските туристи во однос на јануари лани е зголемен за 20,9 проценти, а кај домашните туристи за пет проценти. Бројот на домашни туристи во првиот месец од годинава изнесувал 19.094. Вкупниот број туристи бележи раст од 14,2 проценти, а бројот на ноќевањата од 22,1 проценти.Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јануари 2018 година, во однос на јануари 2017 година, е зголемен за 11,2 отсто, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 32 отсто.Бројот на туристите во јануари 2018 година, во однос на претходниот месец бележи намалување за 4,4 отсто, а бројот на ноќевањата е зголемен за 3,5 отсто.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK