Пон09242018

Последна промена10:20:29 AM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Макрадули:новите депонии ќе служат и за производство на суровина или електрична енегија

Макрадули:новите депонии ќе служат и за производство на суровина или електрична енегија

Сподели

Според заменик министерот за животна средина, Јани Макрадули, засега само во југозападниот и севроисточниот дел се најдени локации за депонии.

Апелирам до сите градоначалници да соработуваат за да ги следиме европките текови. Депониите кои ќе ги изградиме наместо илегалните нема да бидат како онаа во Струга туку ќе бидат капацитети кои ќе вработата нови лица а ќе може да служат и за производство на суровина или електрична енегија, изјави Макрадули.Претстојат измени во националната регулатива за отпад и носење нов закон за управување со отпад.Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад при Стопанската комора на Македонија интензивно ги афирмира активностите кои ќе придонесат за унапредување на процесот на колективното управување со посебните текови на отпад (отпад од пакување, електронски и електричен отпад, отпадни батерии и акумулатори).Воедно, се подготвува регулатива и за другите видови отпад, како што се: текстилниот отпад, отпадните гуми, отпадни масла, школки од автомобили. Се очекува во следните два месеца предлог-текстовите на новите закони да бидат ставени на јавна расправа.Управувањето со отпадот станува сè поактуелна тема во земјава а предлогот на Владата привремено да ги преземе ингеренциите од општините со цел побрзо решавање на регионалното управување со отпадот е позитивен чекор со цел  побрзо решавање на проблемите со отпадот.Според Асоцијацијата, во Македонија годишно се создаваат над 700.000 тони различен отпад, од кои над 100.000 тони се отпад од пакувања, над 15.000 тони електронски и електричен, над 70 тони мали батерии и над 3.500 тони акумулатори. Ова, според Асоцијацијата, е над 20 % од вкупниот отпад, но сè уште има голем број компании кои не ги почитуваат законите со кои се задолжени да го пријавуваат отпадот што го создаваат и да финансираат негово одделно собирање и рециклирање.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK