Вто07072020

Последна промена03:26:43 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Македонското МВР засилено ја контролира границата со Албанија

Македонското МВР засилено ја контролира границата со Албанија

Сподели

Македонската полиција е известена од полицијата на Албанија за вчерашното бегство на седуммина затвореници од затворскиот камп во Дренове.

Дел од нив имале биле осудени со казни доживотен затвор. Според информациите,избеганите затвореници биле вооружени и опасни. По ова, извесно е дека полицијата на Република Македонија ќе го засили своето присуство и контрола на македонско-албанската гранична линија.

Албанската полиција ги ангажирала специјалните полициски сили со кои спроведува акција за фаќање на опасната вооружена седумчлена затворска група која успеала да побегне од затворот  во Дренове, на 180 километри југоисточно од главниот град Тирана. Полициски контроли се вршеле и на патиштата низ земјата.

За бегството на затворениците, покрај македонската, Албанија ги информирала  и полициите на Грција и Црна Гора.  

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK