Чет07092020

Последна промена06:42:33 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Субрата доби забрана за продажба на имот

Субрата доби забрана за продажба на имот

Сподели

Забрана за продавање на било каков имот во Индија но и забрана да ја напушти земјата му одреди Врховниот суд во Индија на шефот на компанијата Сахара Груп Субрата Рој.

Одлуката доаѓа како резултат на неуспехот на компанијата која требала  да ги испорача тапиите за своите имоти во вредност од околу 4 милијарди долари до 28 октомври но не бил испочитуван временскиот рок - пишува весникот Фајненшл експрес .Во изјавата на судиите К.С Рад-хак-ришан и Ј.С Кхерар која ја пренесува весникот се наведува:

„Нашата наредба не е испочитувана. Затоа ние директно и посочуваме на Сахара да не ги  распродава недвижните и подвижните имоти се до нашата следна одлука .“

Како што пренесува Фајненшл експрес Адвокатот  Сандарам настојувал да ги убеди судиите дека компанијата до регулаторното тело СЕБИ ја доставила документација со тапиите која ја поседуваат, но судот на ова одговорил дека доставеното дело не е прифатливо.И покрај скандалите кои медиумите ги објавуваа во врска со  Субрата Рој Македонските власти до сега неколку пати уверуваа дека тоа нема да влијае на бизнис релацијата која бизнисменот ја има со земјава.Двата сина на шефот на Сахара Груп веќе добија македонски државјанства, но Рој и покрај инвестициите и проектите  во земјава сеуште нема поднесено вакво барање. 24Вести. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK