Сре08152018

Последна промена09:41:43 PM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Расте бројот на странски туристи во Македонија

Расте бројот на странски туристи во Македонија

Сподели

Туристички бум-Бројот на странските туристи во Македонија зголемен за 13.8 %.

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на туристите во февруари 2018 година изнесува 41 182, а бројот на ноќевањата изнесува 89 301.Како што пренесува biznisvesti.mk, бројот на туристите во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, е зголемен за 11.7 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 11.8 %.Бројот на домашните туристи во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, е зголемен за 8.1 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 13.8 %. Бројот на ноќевањата на домашните туристи во февруари 2018 година, во однос на февруари 2017 година, е зголемен за 25.4 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 4.3 %.Во периодот јануари – февруари 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 13.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 6.3 %, а кај странските има зголемување за 17.4 %. Во периодот јануари – февруари 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 17.2 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 17.0 %, а кај странските има зголемување за 17.4 %.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK