Нед10212018

Последна промена05:37:09 PM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Светиот синод на БПЦ не дава благослов....

Светиот синод на БПЦ не дава благослов....

Сподели

Светиот синод на БПЦ не дава благослов претставници на БПЦ-БП да учествуваат на прославата на 1000-годишнината од основањето на Охридската архиепископија во Охрид, Република Македонија, пренесува БГНЕС.Одлуката беше донесена по повод писмото на македонскиот архиепископ Стефан, на покана од претставници на БПЦ-БП, да учествуваат на прославата по повод 1000-годишнината од Охридската Архиепископија, која ќе се одбележи на 27-ми мај.На барање на русенскиот митрополит Наум БПЦ да не учествува на прославата во Охрид поради „темелни разлики", синодот со мнозинство гласови одлучил да не даде благослов претставници на БПЦ да земат учество во прославата што ќе се одржи на 27 мај во Охрид.Против учеството на прославата биле 8 од владиците, а „за" биле петмина.
Со Свечена академија во присуство на членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија предводени од поглаварот г.г. Стефан и на највисокиот државен врв на 27 мај во катедралната црква „Света Софија" во Охрид ќе започнат активностите за одбележување на големиот јубилеј – илјада години од основањето на Охридската архиепископија.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK