Нед10212018

Последна промена07:46:15 PM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Цените на становите ќе останат непроменети

Цените на становите ќе останат непроменети

Сподели

Градежната комора при Сојузот на стопански комори (ССК) е задоволна што владата одлучи да ја продолжи до 2023 годин примената на повластената стапка на ДДВ од пет отсто за првата продажба на становите.

 

Тоа, како што беше речено на  прес-конференција од страна на градежниците, ќе влијае на инвестирањето во секторот, но нема да влијае на цената на становите.

– Со владината одлука за продолжување на мерката дополнително ќе се стабилизира секторот високоградба, ќе продолжат сите стопирани инвестиции, но и ќе почнат нови. Од ова, освен градежните фирми, бенефит ќе имаат и купувачите на станови, како и дополнителните преку 20 гранки поврзани со градежништвото – изјави претседателот на Градежната комора на ССК, Ивица Јаќимовски.

Јаќимовски апелираше да продолжи реализацијата на капиталните инфраструктурни инвестиции, со што според него, ќе се подобри неповолната состојба во нискоградба.

-За целосна реализација на предвидените проекти во градежништвото, ниско и високоградба, неопходно, да се почитуваат динамичките планови – рече тој.

Во врска со изградбата на станови, Јаќимовски рече дека се потребни нови урбанистички планови за планско градење и подобар животен стандард.

Цените на становите се движат од 1.000 до 1.300 евра за метар квадратен во централните градски подрачја и од 650 до 900 евра на перифериите.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK