Чет07092020

Последна промена06:42:33 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Рејтинг: Повеќе корупција во помалите општини

Рејтинг: Повеќе корупција во помалите општини

Сподели

Повеќе корупција има во малите и средни општини во однос на поголемите.Ова се дел од заклучоците на  истражувањето на  Агенцијата Рејтинг на тема ,,Перцепција за постоење на корупција во локалната самоуправа,, , јавува Канал 77.

 

- Анкетираните сметаат дека корупцијата во локалната самоуправа најмногу е присутна при вработувањето (45.1%). Понатаму следат корупцијата при работата на инспекциските служби (25.7%) и корупцијата при доделувањето на јавни набавки од страна на општината (22.0%).

Дека постои корупција при доделувањето на јавни набавки, во највисок процент (24%) се убедени анкетираните од големите општини.

Во поголемите градови и градот Скопје, за разлика од малите општини и селата, постои пораширено уверување дека корупцијата е присутна при издавање градежни дозволи од страна на општината.

Анкетираните од поголемите општини во повисок процент (23%) сметаат дека корупцијата е присутна при донесувањето и менувањето на Урбанистичките планови, отколку анкетираните од малите општини (16%).

Дека постои корупција при вработувањето, најмногу се убедени етничките Албанци (54%), но и анкетираните од големите општини (49%).

Анкетираните од помалите градови во речиси двојно повисок процент (34%) сметаат дека постои корупција при работата на инспекциските служби, за разлика од анкетираните кои живеат во Скопје (20%).

Истражувањето е извршено со телефонски јаувања во сите општини во државата .Биле опфатени 1080 испитаници, анкетирани во периодот од 28 октомври до 1 номеври.Проектот се спроведува во соработка со ОБСЕ и Државната комисија за спречување корупција./ Канал 77 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK