Чет08162018

Последна промена03:24:29 PM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Доаѓа Силвија!?

Доаѓа Силвија!?

Сподели

Силвија би требало да „задува“ денеска попладне.

По бројните и силни циклони што изминативе месеци ни дојдоа и предизвикаа големи поплави и оштетувања во охридско-струшкиот регион но и пошироко во земјава, сега уште „Силвија“ ни фалеше да дојде и да ни донесе ново невреме. денеска (среда) па во следните денови нашата териотрија но и регионот ќе бидат под влијание на циклонот Силвија.Во текоит на денешниот ден во текот на претпладнево сеуште времето во државава ќе биде стабилно, сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност додека воздушниоот притисок ќе бележи тенденција на опаѓање додека поради релативно високата влажност на воздухот ќе биде многу спарно и тешко.Од пладневните часови па натаму ќе биде нестабилно облачно на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.Локалнои процесите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и услови за појава на град.Постои можност и за локални поројни поплави во зоната на поголемата нестабилност.Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 28 до 35 степени додека УВ ИНДЕКСОТ и понатаму ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА ВРЕДНОСТ и ќе изнесува од 10 до 11.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Во зоната на големата нестабилност има услови за локални поројни поплави а додека трае засилениот ветер граѓаните да бидат крајно претпазливи каде се движат а возачите своите автомобили да ги ставаат понастрана од дрвјата.Исто така во текот на електричните презнења граѓаните да не претстојуваат на отворен простор и под осамени дрвја и домаќинските уреди да се исклучуваат.За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK