Вто12182018

Последна промена12:25:26 PM

 

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Иванов: Нема да поддржам и да потпишам ваков штетен текст на договор

Иванов: Нема да поддржам и да потпишам ваков штетен текст на договор

Сподели

Ваков штетен договор, единствен во историјата на човештвото за мене е недостоинствен и непрофатлив.

Нема да легализирам политичка дивоградба, порача претседателот Ѓорге Иванов во обраќањето до јавноста за договорот за решение на името што го постигнаа премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас. Целиот процес се водеше неодговорно и нетранспарентно, а Владата не смогна сила да изградиме заеднички став и консензус”, рече Иванов.Тој кажа дека на средбата со премиерот Заев и со министерот за надворешни работи Никола Димитров им рекол дека ова е нивен личен договор, нивна лична одлука и нивна одговорност.Шефот на државата, Ѓорѓе Иванов во обраќање до јавноста попладнево изјави дека на средбата со премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска им кажал дека овој договор е штетен и единствен од ваков тип во историјата на човештвото.
„Со него се крши Уставот, законите и нема да легализирам политички дивоградби“ - рече Иванов. Според него, текстот е поразителен. Вели дека не е достоинствено да се прифатат сите барања од Грција и ултиматуми.Иванов вели дека со ваков договор се отвораат многу повеќе прашања, отколку што се затвораат.
„Тоа што го направи со Македонците во Грција, сега настојува да го направи со Македонците во Македонија“- рече Иванов.Вели дека се брише историјата на македонската држава, и рече дека ЕУ и НАТО не смеат да бидат алиби за штетни последици.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK