Нед12092018

Последна промена11:17:42 AM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Нови правила за продажба на алкохол

Нови правила за продажба на алкохол

Сподели

Укината е забраната за продажба на алкохол во трговијата по 19, односно 21 часот, воведена во 2008 година.

Граѓаните со различни ставови по повод укинувањето на забраната. И додека едни ја одобруваат таквата одлука, други велат дека тоа не е добро и ќе значи поголема достапност на алкохолните пијалоци пред се до младите.Инаку,  Собранието ги усвои измените на Законот за трговија, кои ќе стапат на сила осум дена по објавување во Службен весник на Република Македонија.Со најновите законски измени, усвоени од пратениците, се дозволува и продажба на алкохолни пијалаци во киосците, но останува забраната за продажба во продавниците во состав на бензинските станици.Останува и забраната за продажба на алкохол на лица помлади од 18 години. За да можат да продаваат алкохолни пијалаци, трговските објекти и понатаму треба да поседуваат соодветни лиценци. Овие имени во Законот за трговија ги бараше Стопанската комора на Македонија.Измените во Законот за трговија влегуваат во сила осум дена по нивното објавување во Службен весник.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK