Чет07092020

Последна промена06:42:33 PM

SCREEN

Cpanel

  

  • sileks
Back Вие сте на: Home Вести Македонија Забрана за сообраќај на Стража и Маврово – Дебар

Забрана за сообраќај на Стража и Маврово – Дебар

Сподели

Поради обилни врнежи од снег, воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци Гостивар - Стража - Кичево и крак Маврово - Дебар.

Сообраќајот на останатите државни патишта во републиката се одвива тековно, без забрани и застои, по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат во западните и југозападните делови, на повисоките места со остатоци од кашест снег на коловозот. Заради ниските температури можни се подмрзнувања на осојничавите места.

АМСМ препорачува внимателно управување со возилата и почитување на поставената патна и сообраќајна сигнализација. Особено да се внимава на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово - Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони. На пат. правец Маврови Анови – Дебар (Р1202) се изведуваат градежни работи на санација на Мелнички мост во близина на Дебар. Поставена е соодветна патна сигнализација, сообраќајот се одвива непречено, но се препорачува внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK