Вто12182018

Последна промена12:25:26 PM

 

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Западнонилска треска во Македонија?

Западнонилска треска во Македонија?

Сподели

Два сомнителни случаи на западнонилска треска во Македонија.

Два сомнителни случаи на западнонилска треска се евидентирани во Македонија, станува збор за дете и повозрасна жена кои се хоспитализирани.Во лабораторијата на Институтот за јавно здравје проверуваат дали вест најл вирусот кој го пренесуваат комарци е причина за нивната состојба, или, пак станува збор за друга инфективна болест, објави телевизија Сител.Од ИЈЗ ќе им направат епидемиолошка анкета дали биле каснати од комарец или патувале во земја каде има заболени од западнонилска треска.
Инаку, во Србија веќе има седумдесетина заболени и петмина починати од западнонилска треска.Вирусот на Западнонилската треска се пренесува на луѓето само преку убод од инфицирани комарци. Вирусот од Африка на европско тло го носат птиците преселници, од кои се инфицираат комарците и потоа ја шират заразата.

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK