Вто11202018

Последна промена07:59:52 PM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Денес е слава на Бигорскиот манастир

Денес е слава на Бигорскиот манастир

Сподели

Познатото македонското древно духовно светилиште, манастирот „Свети Јован Крстител“ попознат како Бигорски манасти го слави својот патрон.

-„Ги повикуваме и особено ги поттикнуваме сите благочестиви Православни Христијани, да се присоединат кон големото торжество на чесниот и славен Претеча крстител господов Јован , во денот на неговиот празник, кога најголемиот меѓу родените од жена ја излева својата од Бога добиена благодат врз сите оние кои го чествуваат неговиот спомен. И кога секој човек неизмерно се радува штом ќе биде посетен од своите драги пријатели на денот на својот празник, тогаш колку ли, пак, повеќе Светиите Божји ги милуваат оние кои ги чествуваат!“

Илјадници верници од сите краишта на земјава  денес ќе го преплават манастирот. 

Инаку Бигорски манастир („Св. Јован Бигорски“) — манастирски комплекс се наоѓа на патот помеѓу Гостивар и Дебар во непосредна близина на селата Ростуше, Битуше, Велебрдо и Требиште, по течението на реката Радика во западна Македонија. Според Бигорскиот поменик, манастирот бил основан од страна на монахот Јован во 1020 година, а во XVI век манастирот бил разрушен од страна на отоманската власт и од целиот комплекс останал само како мала црква. Од помениците исто така се дознава дека манастирот бил повторно обновен во 1743 година, од страна на јеромонахот Иларион кој бил и првиот игумен на Бигорскиот манастир во поново време.

Името на манастирот доаѓа поради фактот што објектот бил изграден од бигор. Бигорскиот манастир го сочинуваат манастирската црква која е посветена на Јован Крстител, костурницата, сместена до самата црква, сејменската одбранбена кула, комплексот манастирски конаци, како и новоизградените гостински конаци

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK