Пон09242018

Последна промена10:20:29 AM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија ВМРО-ДПМНЕ: Секој граѓанин да постапи според сопственото убедување

ВМРО-ДПМНЕ: Секој граѓанин да постапи според сопственото убедување

Сподели

Секоја индивидуа со сопствениот морал и совест ќе донесе одлука која смета дека е најдобра.

На посебна прес конференција, лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кажа дека секоја индивидуа со сопствениот морал и совест ќе донесе одлука која смета дека е најдобра.Македонија ни е се, нема партиите да одлучуваат а партијата не го прифаќа Договорот со Грција.
„Договорот со Грција за смена на името е документ кој јас и ВМРО не го прифаќаме, затоа што е надвор од нашите принципи.Ние остануваме на ставот дека сме против овој договор, секому е јасно дека со овој договор се менува уставот на Република Македонија“, кажа Мицкоски и додаде:
„Прашањето за името, едно од најзначајните за нашата држава, ова е прашање кое задира во историјата, се однесува на иднината, на младите или сѐ уште не родените деца. Ова не е прашање само на Мицкоски, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ова е прашање за Македонија и сите нејзини граѓани.
Ова се историски моменти.Нашата татковина е пред крстопат и ова се историски одлуки. Треба да се каже дека со прифатеното до сега Владата ги сруши сите преговарачки позиции градени до сега, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски, на власта и порача да не ја лаже јавноста со слогани „Сега или никогаш" и го повика премиерот Зоран Заев на дебата, на ТВ дуел оти, како што рече Мицкоски има многу корупција и скандали кои треба да им се разјаснат на граѓани.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK