Пон09242018

Последна промена10:20:29 AM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Секретарот за одбрана на САД, ќе ја посети Македонија

Секретарот за одбрана на САД, ќе ја посети Македонија

Сподели

Џејмс Норман Матис во понеделник доаѓа во официјална посета на Македонија.

Во понеделник во Македонија пристигнува секретарот за одбрана на САД, Џејмс Норман Матис.Делегацијата на САД предводена од секретарот ќе биде свечено пречекана на Меѓународниот аеродром „Скопје“ и на платото пред Владата на Република Македонија.Во склоп на посетата, Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, Министерката за Одбрана, Радмила Шекеринска и Секретарот за одбрана на САД, Џејмс Норман Матис по средбата ќе дадат изјави за медиумите во холот на Владата на Република Македонија.Американскиот државен секретар за одбрана Џејмс Матис најави дека викендов ќе дојде во Македонија за, како што вели, „многу јасно“ да ги истакне американските ставови против руска агресија, додека земјата размислува за прифаќање на поканата за влез во НАТО, објави порталот „Хил“ од Вашингтон.
– Ќе одам да ги посетам нашите македонски пријатели на многу кратко патување дотаму и назад. Јасно ќе дадам до знаење дека сме со македонскиот народ – рече Матис вчера во Пентагон.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK