Пон09242018

Последна промена10:20:29 AM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на гласачкото право

Бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на гласачкото право

Сподели


Утре ќе се отвори бесплатна телефонска линија 0800 54321.

Народниот правобранител утре ќе отвори бесплатна телефонска линија 0800 54321, со цел да им помогне на граѓаните во остварувањето и заштитата на гласачкото право на слободно изразување на нивното мислење и став по однос на референдумското прашање.Од Канцеларијата на народниот правобранител укажуваат на правото на непосредно изјаснување, и сметаат дека изјаснувањето на граѓаните и нивниот став по однос на ова референдумско прашање, е и нивна обврска и активен придонес за иднината на општеството.
Народниот правобранител, истовремено ги потсетува и апелира до сите чинители во општеството, да не ги попречуваат граѓаните во остварувањето на нивното загарантирано право на излегување и лично изјаснување, а ги охрабрува граѓаните секое евентуално влијание да го пријават.
Попречувањето на слободното излегување и изразување на своето мислење на референдумот, граѓаните можат и лично да го пријават во канцелариите на Народен правобранител во Скопје, Битола, Кичево, Куманово, Струмица, Тетово и Штип, секој ден, како и на денот на референдумот.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK