Чет10182018

Последна промена10:34:58 AM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија МПЦ против менување на името на МПЦ и името на државата

МПЦ против менување на името на МПЦ и името на државата

Сподели

Архиепископскиот црковно-народен собор (АЦНС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) на редовната годишна седница што вчера и денеска се одржуваше во манастирскиот комплекс „Рождество на Пресвета Богородица“ во Калишта го потврди и реафирмира ставот за неменување на името на МПЦ и неменување на името на државата.

 

Во Резолуцијата на Соборот, како што истакна денеска на прес-конференција портпаролот на МПЦ-ОА владиката Тимотеј, поддржан е ставот на МПЦ од 26 декември лани за неменување на уставната позиција на македонскиот јазик, да се сочува унитарниот карактер на РМ и да не се отстапува од македонскиот национален идентитет.

– Членовите на АЦНС воедно упатуваат и апел за национално единство и искрен и молитвен повик до сите политички субјекти во земјата за одговорен пристап во овој исклучително комплексен и полн со предизвици период за нашата татковина, со препорака да се употребат сите сили за запазување на националниот и духовен идентитет на македонскиот народ и сè што е македонско, истакна Тимотеј.

Преку Резолуцијата, Советот упати и апел до државните институции да се поведе поголема грижа за просветните институции на Македонската православна црква, за црковно-историските споменици, како и предметот „Етика во религиите“ да добие статус на редовен предмет во државното образование.

Едногласно, како што рече Тимотеј, биле прифатени и изгласани и предложените амандамани за дополнување на Уставот на Македонската православна црква. АЦНС ги прифати предлозите на САС и одлучи досегашната Полошко-кумановска епархија да се подели на две засебни епархии и тоа Тетовско–гостиварска православна епархија и Кумановско-Осоговска православна епархија и се додаваат во член 7 од Уставот на Македонската православна црква. Врз основа на направената географска поделба на Македонската православна епархија во Австралија, во чл. 7 од Уставот, покрај „Македонската православна епархија за Австралија и Нов Зеланд со седиште во Мелнбурн“ се додава и „Австралиско-сиднејска православна епархија со седиште во Сиднеј“ – појасни владиката Тимотеј.

Редовното годишно заседание АЦНС го одржуваше вчера и денеска во манастирскиот комплекс „Рожденство на пресвета Богородица“ во Калишта, во рамки на одбележувањето на јубилеите „1000 години Охридска Архиеписопија“ и „60 години од возобновувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската православна црква“, како и „75 години од Свештеничкото собрание во Издеглавје“, „200 години од раѓањето на митрополитот Партениј Зографски“ и „1155 години од Моравската мисија на светите браќа Кирил и Методиј“.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK