Чет10182018

Последна промена03:44:04 PM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Огромен успех на охридскиот доктор Балевски на клинички во Марибор

Огромен успех на охридскиот доктор Балевски на клинички во Марибор

Сподели

Интервентниот кардиолог Балевски  изведе прва и крајно сложена имплантација на валвула.

Охриѓанецот Игор Балевски-доктор на медицински науки од областа на интервентна кардиологија кој долги годиние на Универзитетскиот Клинички Центар Марибор, за првпат, со својот тим изведе крајно сложен хируршки зафат.Интервентниот кардиолог Балевски, изврши транцатетерска имплантација на валвула на аорта низ артерија на нога, односно без сечење на граден кош. Овој зафат во оваа медицинска гранка се смета за крајно сложен и оттука вчерашната интервенција на д-р Балевски и неговиот тим претставува исклучителен медицински зафат и огромен успех на Универзитетскиот клинички центар и секако на д-р Балевски и неговиот тим.
Д-р Балевски е шеф е на медицински тим за интервентна кардиологија при Универзитетскиот клинички центар во Марибор Марибор и доктор на медицински науки за Интервентна кардиологија во Словенија, тој е едукатор за интервентна кардиологија на доктори специјализанти од земјите членки на Европска унија.Д-р Балевски, своето медицинско образование го стекнал на медицинскиот факултете во Скопје а се едуцирал во повеќе земји на ЕУ.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK