Сре12122018

Последна промена07:40:10 AM

 

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Честит 11 октомври-Денот на оруженото востание

Честит 11 октомври-Денот на оруженото востание

Сподели

Македонија го одбележува 11 Октомври - Денот на оруженото востание во НОБ и Револуцијата.

Пред 77 години, на 11 октомври 1941 година,пукна првата пушка во Прилеп и Куманово. Со нападот на прилепскиот партизански одред „Гоце Делчев“, кога 16 партизани распределени во три групи извршиле напад на фашистичкиот окупатор, и официјално започна востанието во Македонија против фашизмот. Поделени во три групи, првата го напаѓала бугарскиот полициски участок, втората затворот, а третата имала задача да ги прекине телефонските врски и електричната енергија.Со овој чин беше означен почетокот на востанието на Македонскиот народ против фашистичкиот окупатор, со цел за конечно осободување на земјата. На 12 октомври се огласија и истрелите на кумановските партизани. Почна четиригодишната крвава НОВ на Македонскиот народ за конечно ослободување на земјата.Востанието е против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко подрачје за окупаторот и дала свој придонес во победата над фашизмот во Втората светска војна. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK