Сре11212018

Последна промена03:55:14 PM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Британски Телеграф: Александар Велики не бил Грк, туку Македонец

Британски Телеграф: Александар Велики не бил Грк, туку Македонец

Сподели

Британскиот весник „Телеграф“ во патувачка репортажа од Македонија се осврнува и на прашањето за Александар Велики, при што авторот Пол Блумфилд пишува дека тој не бил Грк, туку Македонец!

 

Набројувајќи ги вината во винаријата „Стоби“, каде што направил пауза за ручек, Блумфилд ја споменува „Кратошија“, за која т.н. локален гуру Горки Балојани му рекол дека „ја пиел и Александар Велики“.

 -Ах, прашањето за Алекс. Во училиште веројатно сте учеле дека серискиот освојувач бил Грк – сепак, во 4 век п.н.е. не постоела Грција по себе. Не, Александар бил Македонец; прашањето е каде точно била ‘Македонија’.

 

Денешните Грци инсистираат дека таа била на нивна територија, барајќи нивниот сосед да се откаже од името и да се реши долготрајното натегање со поранешната југословенска република – ситуација што повторно осамна на насловните страници овој месец со потпишувањето на прекуграничен договор, со кој оваа земја би можела да се преименува во Република Северна Македонија и да ги отстрани грчките приговори за нејзиното членство во ЕУ и во НАТО“- пишува тој во долгата репортажа насловена „Потценетата европска земја што сигурно ќе ви го подобри здравјето“ и објавена во денешниот број на „Телеграф“.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK