Сре11212018

Последна промена03:55:14 PM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Да се олесни визниот режим за туристите од Азија

Да се олесни визниот режим за туристите од Азија

Сподели

Македонија мора да го олесни визниот режим со азиските држави за да ги привлече и задржи туристите од таму, сметаат од Стопанската комора.

Наместо сегашниот долготраен процес, предлагаат туристите да може да добијат виза при пристигнувањето на аеродром. На тој начин Македонија како дестинација ќе остане на туристичката мапа на кружните балкански тури.

Вакви олеснувања воведоа Србија, Албанија, Косово и Босна и Херцеговина, со цел да привлечат што поголем број туристи од Кина, Кувајт, Катар, Бахреин, Оман и други земји од Блискиот Исток. Само за една година, Србија речиси тројно го зголемила бројот на туристи од тие држави.

“Мора да признаеме, тоа се богати туристи, поексклузивен туризам се нуди и веќе претендираат многу од тие земји да ги добијат. Ние во Македонија и да се обидеме да ги олесниме тие визи, ќе мора да работиме на темата на нивните обичаи, на нивната храна, на нивната традиција. Мора да признаам дека ниеден хотел во Македонија не го вовел ХАЛАЛ системот до сега. А тие тоа го бараат”, изјави Славе Сирачевски, заменик претседател на Здружение на угостителство и туризам при Стопанската комора на Македонија.

Според Глобалната туристичка организација, 10% од глобалниот БДП се креира од угостителство. Учеството на туризмот во македонскиот БДП е помалку од 2%. Туристите во светот на годишно ниво трошат околу 330 милијарди долари. Во Македонија се слеваат само 0,1% од тие пари.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK