Нед12092018

Последна промена11:17:42 AM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Се намалуваат казните за 75%

Се намалуваат казните за 75%

Сподели

 

Владата го менува Законот за прекршоци. Се намалуваат и глобите за 75%.

 

Ќе се намалат казните за прекршоци за физичките и правните лица. Измените на Законот за прекршоци влегуваат во владина процедура и се предвидува за физичките лица казните да се намалат до 75 отсто, додека за правните и до 150 отсто.

За граѓаните казната за сторен прекршок ќе изнесува од 15 до најмногу 250 евра, наместо 1.000, како што беше досега. Ќе се преполови и казната за нерегистрирано возило повеќе од 30 дена и ќе изнесува 250 евра.

За фирмите, при одредување на глобата ќе се земе предвид приходот остварен во претходната година, бројот на вработени, како и претходно изречените казни за исти или слични прекршоци. Со новиот Закон, трговец поединец ќе се третира како физичко лице.

Со законските измени ќе се воведе и категоријата опомена. Целта е да не се изрекуваат превисоки казни за помалите прекршоци, бидејќи често пати тоа значи и затворање на некои фирми токму поради висината на изречената глоба.

 

 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK