Нед12092018

Последна промена11:17:42 AM

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Интернет кампања „Пријави корупција“

Интернет кампања „Пријави корупција“

Сподели

Корупцијата , мито  и судирот на интереси во земјава се на екстремно високо ниво.

 

Според истраувањето на МЦС објавено во  март годинава корупцијата во Македонија во 2017 година е зголемена во однос на 2016-та. Ннајкорумпирани се  пратениците, министрите и судиите.

 Според овогодишните податоци, 36,3 проценти од граѓаните биле изложени на коруптивен притисок што претставува зголемување во споредба со 2016 година, покажуваат резултатите од извештајот на Македонскиот центар за меѓународна соработка при изработката на најновиот извештај за проценката на корупцијата во Македонија во 2017 година.

 

По повод Меѓународниот ден на борбата против корупцијата, Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија денеска ќе ја промовира интернет платформата prijavikorupcija.mk пред студентите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Презентацијата ќе биде неформална, на штандови поставени на сите факултети во кампусот на УКИМ, каде студентите и професорите ќе имаат шанса директно да се информираат и интерактивно да ја тестираат платформата.

Корупцијата и судирот на интереси претставуваат феномени за кои во сите релевантни анализи се истакнува дека сѐ уште остануваат во значителна мера неказнети, а перцепцијата на граѓаните е дека антикорупциската борба не дава задоволителни резултати.

Токму од овие причини, борбата против корупцијата е дел од програмата за Владеење на правото, односно од Стратегијата за работа на Хелсиншкиот комитет 2018-2020 година. Преку интернет платформата за пријавување на корупција, покрај евидентирање и мониторинг на случаи, Комитетот ќе овозможи и соодветна бесплатна правна помош на жртвите на коруптивни дејствија. 

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK