Пет01182019

Последна промена08:42:23 AM

 

Back Вие сте на: Home Вести Македонија На сила забрана за камиони на повеќе патни правци

На сила забрана за камиони на повеќе патни правци

Сподели

Се уште е на сила забраната за движење на тешки товарни возила на патот Струга Ќафасан. 

Забрана за движење на тешки товарни возила има на патните правци крак Маврово - Дебар, Гостивар – Кичево преку планинскиот премин Стража, Кичево – Охрид преку планинскиот премин Пресека, Струга – граничен премин Ќафасан и Тетово - Попова Шапка, каде забраната важи и за автобуси, а за останатите возила е задолжително користење на зимска опрема (синџири).

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, наместа со остатоци од снег на коловозот.Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат во Тетово, Попова Шапка, Маврово и Дебар. Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на планинскиот превој Стража.


АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде се бележи појава на утринска магла, а исто така зголемена е и можноста од појава на одрони. На осојничавите места коловозите се наместа влажни, па поради ниските температури карактеристични за вечерните и утрински часови постои можност и од појава на голомразица.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK