Сре03202019

Последна промена01:03:51 PM

 

Back Вие сте на: Home Вести Македонија Работниците да пријават доколку не добиле К 15

Работниците да пријават доколку не добиле К 15

Сподели

Работниците да пријават доколку не добиле К 15. 

 

На социјалните мрежи има бројни коментари дека работниците добиваат К-15 на сметка, а потоа парите им ги враќаат на газдите. Постојат и „дупки“ во законот кои овозожуваат работодавецот да ги изманипулира работниците за износот на регресот, особено ако фирмата има лоши финансиски резултати.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска ги „чешла“ фирмите кои не исплатиле К-15 на работниците. Таа деновиве ги повика работниците да пријават доколку не земале К-15.

„Ги повикуваме работниците неисплатата на К-15 и сите други нерегуларности да ги пријавуваат на дежурниот телефонски број на Државниот инспекторат за труд - 15 131. Од почетокот на годината Инспекторатот прави засилени контроли во правните субјекти од сите дејности, вклучувајќи ги и фабриките за производство на текстил и чевли, каде што се забележани голем дел претставки изминатите години“, напиша Царовска на својот Фејсбук профил.

Владата деновиве на седница донесе одлука со која ќе се провери како течела исплатата на К-15.

Проверка на неисплатата на регресот ќе трае и во текот на февруари.

На сметките на сите вработени во приватниот сектор требаше да легнат минимум 9.665 денари. К-15 како обврска се воведе уште во 2014 година.

  • Granit

ФОТО

 

ПРИДРУЖЕТЕ НИ СЕ НА FACEBOOK